Објавено на:

Германскиот извоз во Русија е преполовен

t

Германскиот извоз во Русија падна за 57,5 отсто во март во однос на истиот период минатата година под влијание на санкциите воведени против Москва по инвазијата врз Украина, соопшти германскиот завод за статистика.

Вредноста на германскиот извоз во Русија во март изнесуваше 1,1 милијарди евра, соопшти Дестатис.


Русија минатиот месец падна на 12-то место на листата на германски извозни дестинации надвор од Европската унија, соопштија статистичарите. Во февруари таа беше на петтото место.

Германскиот извоз во целата група „трети“ земји во март падна за 7,2 отсто од 52,8 милијарди евра во февруари, покажуваат сезонски и календарски приспособени податоци. На годишно ниво порасна за 3,2 отсто.

САД беа најголемиот извозен пазар на Германија и минатиот месец, со извоз во вредност од 13,5 милијарди евра, што е за 21 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година.

Германскиот извоз во Кина, пак, падна за еден отсто на 10,2 милијарди евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

180 позитивни од 2 880 тестови, нема…

Министерството за здравство информира дека во последните…

(Фото) Ресторан во Приштина им забрани влез…

Ресторан во Приштина на својот влез постави…

Димитров: Итна реафирмација на македонските позиции!

Итна реафирмација на македонските позиции!, вели поранешниот…

Зеленски до Г7: Пред зимата мора да…

Зеленски денеска им се обратил на лидерите…

(Фото) Реконструирани дел од пешачката и велопатека…

ЈП Улици и патишта Скопје по налог…