Германскиот канцелар со апел до членките на ЕУ: Примете што поголем број украински бегалци

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги повика другите западни земји кои се наоѓаат „подалеку од Украина” да примат повеќе бегалци.
Шолц повикот го упати за време на заедничката прес-конференција со Борис Џонсон во Лондон.
ермнаскиот канцелар бранот бегалци од Украина го опиша како „една од ужасните последици од оваа крвава војна”.
-Многу земји во Европа примија бегалци, особено оние на границите со Украина – Полска, Словачка, Унгарија, Бугарија, Романија – и ние сме многу благодарни на тие земји. Повеќе од два милиона Украинци заминаа во Полска. Во Германија имаме повеќе од 300.000 бегалци од војната. Затоа ќе бидеме среќни и благодарни доколку и многу други европски земји учествуваат во приемот на бегалците. Ова ќе биде главна задача за ЕУ и ќе биде следниот предизвик за Унијата, изјави Шолц, цитиран од Би-Би-Си.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОН: Војната во Украина предизвика најголем бран…
Руската инвазија на Украина го предизвика најголемиот…
Членките на ЕУ ќе добијат 3,5 милијарди…
Земјите-членки на Европската Унија ќе добијат уште 3,5…
Премиерот не очекува бегалски бран од Русија:…
Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско…
Повеќе од три милиони бегалци се вратиле…
Повеќе од три милиони украински бегалци веќе…
Шолц: Нема враќање на економијата на пред…
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска од самитот…