Објавено на:

Германскиот министер за финансии: Русија е виновна за глобалните економски проблеми

t

Германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер денеска оцени дека Русија е  виновна за глобалните економски проблеми.

Линднер на маргините на есенското заседание на ММФ во Вашингтон, според германските медиуми нагласи дека кризата не е предизвикана од санкциите на Западот, туку од руската агресија врз Украина.


„Само Русија е одговорна за сегашните макроекономски ризици“, нагласи Линднер.

Тој предупреди на опасноста од должничка криза во земјите во развој, како и на проблемите во снабдувањето со храна и економската стабилност.

„Русија е причината за сето ова“, нагласи Линднер.

Тој додаде дека не може да има враќање на вообичаената форма на соработка со рускиот претседател Владимир Путин додека тој не ја повлече војската од Украина.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Песков за забраната на увоз на злато:…

Русија на санкциите за забрана на увоз…

Ќе му платат милијарди ако победи: Сопственикот…

Украинскиот милијардер Ринат Ахметов поднесе тужба против…

Голема загриженост кај лидерите на Г7: Зошто…

Лидерите на Г7 изразија загриженост за плановите…

Русија го враќа ударот: Воведе санкции за…

Русија воведе санкции за 43 канадски државјани.…

Песков: Русија не банкротира, средствата се уплатени…

Кремљ: Неосновани се тврдењата за неисполнување на…