Објавено на:

Германските производители на пиво очекуваат зголемување на цената за 30 отсто до крајот на 2022

t

Цените на пивото во Германија до крајот на годината би можеле да се зголемат за 30 отсто, објави Билд.

– Зголемувањето на трошоците ги надминува сите граници. Вакво нешто досега не сме доживеале, изјави за „Билд“ Холгер Ајхел, генерален директор на Здружението на германски пиварници.

Производителите на пиво во моментов се соочуваат со „огромни ценовни притисоци“, нагласи тој. – Струјата е зголемена за 250 отсто во споредба со минатата година, сладот за 70 отсто, а европалетите за 150 отсто, рече Ајчел. Сето ова доведува до нагло поскапување на омилениот пијалак во Германија. – До крајот на годината, цените на пивото би можеле да пораснат за 30 отсто, изјави Стефан Фрицче, потпретседател на Здружението на пивари во Берлин и Бранденбург.

Здружението на германски пиварници има 1.400 германски пиварници со вкупно 6.000 брендови. Повеќето од нив – 70 проценти- се концентрирани во три сојузни покраини: Баварија, Баден-Виртемберг и Северна Рајна-Вестфалија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Здруженијата се само почеток: СДСМ премолчено нè…

Ако некој случајно помислил дека отворањето три…

Се најавува невреме со поројни врнежи, еве…

Од денес попладне до недела, под влијание…

Арсовска: На Меѓународниот ден на младите за…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска…

АХВ: Епидемично ширење на Африканската свинска чума

Африканската свинска чума се шири со епидемична…

(Видео) Вистински пекол: Украинците објавија снимка како…

Нова снимка открива како руската армија со…