Германски воен гигант влегува во Бугарија – голема зделка на повидок

На 26 март, во Бугарија пристигна висока делегација од германскиот одбранбен концерн „Рајнметал“, најголемиот производител на воена опрема во Европа. Целта на посетата е разгледување на можностите за соработка и инвестиции во бугарската одбранбена индустрија, во контекст на зголемените безбедносни предизвици во Европа.
Иницијатор на посетата е бугарскиот претседател Румен Радев, кој ги покани германските партнери уште за време на Минхенската безбедносна конференција. Делегацијата оствари средби со највисоките институции во земјата – со членовите на Комисијата за одбрана, премиерот Росен Желјазков, заменик-премиерот Томислав Дончев, како и со министри одговорни за економија и одбрана. Предвидена беше и средба со поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, кој има блиски односи со „Рајнметал“.
„Рајнметал“ е компанија со долгогодишно искуство во производство на тенкови, артилерија, муниција и системи за воздушна одбрана. Нивното евентуално присуство во Бугарија би можело да значи отворање на нови производствени капацитети, трансфер на технологија и значајна модернизација на бугарската армија.
Оваа посета доаѓа во клучен момент кога Европа се реорганизира од безбедносен аспект, а членките на НАТО ги зголемуваат инвестициите во одбраната. За Бугарија, соработката со „Рајнметал“ претставува шанса за јакнење на нејзината одбранбена индустрија и позиционирање како значаен фактор во регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се намалува инфлацијата во Еврозоната
Годишната стапка на инфлација во еврозоната изнесуваше…
Трамп му постави „последен ултиматум“ на Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вчера…
Грција во иднина би можела да се…
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…
(Документи) Кој ја направи саботажата во РЕК…
Плаќаат 150 МИЛИОНИ денари за технолошко чистење…
Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…
Двајца припадници на Армијата се повредни по…