Објавено на:

Германски дипломат: На Босна не и се заканува војна

t

На Босна и Херцеговина не и се заканува нова војна, но политичката криза во земјата е загрижувачка и бара итен дијалог и соработка за да се излезе од неа, оцени денеска високиот претставник на меѓународата заедница за БиХ, Кристијан Шмит.

Германскиот дипломат во изјава за медиумите во Сарево рече дека засиленото присуство на ЕУФОР во земјата јасно ја покажува одлучноста на меѓународната заедница да спречи какви било обиди за нарушување на безбедноста во БиХ, како и оти никој не би требало таквата решителност да ја доведе во прашање, дури ниту оние што би сакале да предизвикуваат инциденти.

„Околу опстанокот на БиХ не може да се преговара“, истакна тој.

Руската агресија врз Украина, како што рече, е силно предупредување на потребата од превентивно делување за правовремено спречување можни нови судири во Западен Балкан, односно БиХ, затоа на ЕУФОР му е испратено засилување, така што за безбедноста во земјата сега се агажирани повеќе од 1.100 војници во составот на мисијата „Алтеа“.

„Овде нема војна, но постои тешка политичка криза. Во опис на работните задачите на политичарите е обврската да доаѓаат на работа и да работаат. Оттаму и пораката до Милорад Додик да почне да работи и да ги тргне блокадите, а тоа ќе се случи не кога ќе се дојде на пет минути, туку кога ќе се работи на донесување одлуки, рече Шмит.

Додик и српските политичари од средината на 2021 година го блокираат донесувањето одлуки во федералните тела на БиХ што се од важност за државата, додека во Претседателството на БиХ, Советот на министри и Парламентот гласаат само за одлуки што се наопходни за поделба на средствата за ентитетите. На тој начин се обидуваат да изнудат делегитимизација на Законот за забрана на негирање на извршени воени злосторства што во мај минатата година го наметна високиот претставник Валентин Инцко.

Шмит укажа на нужноста од дијалог во земјата, како и негова подготвеност за вклучување во расправа за начинот на спроведувањето реформи неопходни за напредок на БиХ кон членство во ЕУ, вклучувајќи го и изборниот закон за кој рече дека е неопходен предуслов на патот кон Европа.

Според Шмит, условите што ЕУ ги има поставено пред БиХ се јасни, а тоа е спроведување 14 приоритетни реформи изразени од Европската комисија уште во 2019 година, на кои, како што посочи, досега не е сработено речиси ништо.

„Меѓународната заедница останува сигурен, но не и наивен партнер на БиХ“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трајановски до советниците од ВМРО-ДПМНЕ: Каде што…

Советникот во Советот на Град Скопје, од…

Се плаши од големи напади: Зеленски свика…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски свика за утре…

Шаќири верува дека во текот на првото…

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири…

ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО: Македонката била нападната, па…

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за…

(Видео) ДАЛИ ТРАМП ЌЕ ДОНЕСЕ МИР ВО…

Поранешниот претседател Доналд Трамп во средата предложи…