Објавено на:

Германски министер предупредува: Без рускиот гас “нема сите домови да бидат топли”

t

Германскиот министер за економија Роберт Хабек, во Катар и на Емиратите бара алтернативи за рускиот гас.

Но, вели, ништо не може преку ноќ и предупредува: ембарго на рускиот гас би значело студени радијатори и удар на германската економија.

Германскиот министер за економија и енергетика, Роберт Хабек, во саботата слетал во Доха, надевајќи се дека во Катар ќе најде извесни резерви на течен гас кои можат да ја намалат германската зависност од руските енергенти.

Потоа ќе продолжи до ОАЕ, едне од лидерите во производството на зелен водород, енергент од кој Германија очекува многу. Претходно Хабек бил во Норвешка, исто така за да се распраша за големи количини на гас.

Проблем за Германија е што нема ниеден терминал за прием на течен гас. Првите два забрзано се планираат, но тешко дека ќе бидат готови пред 2026-та година.

Тешко без Русија

„Во никој случај нема да влезе во зависност од некој друг. Различни испораки треба да имаат удел од 10 или 20 проценти во германската мрежа, но никако 50 проценти или повеќе. Тоа би било глупаво, сеедно дали се работи за Русија или некоја друга земја“, рекол Хабек.

На прашањето дали Германија ќе успее да ги наполни складиштата за гас до следната зима, политичарот од Зелените рекол: „Да, но моментално само со руски гас. Тоа е вистината која ми е тешко да ја изговорам. Но така е како што е“.

Според зборовите на Хабек, доколку од другите извори нема повеќе гас, а дотокот од рускиот од некоја причина престане, следната зима нема да има доволно гас за сите домови да бидат топли и индустријата да работи.

„Воопшто не би сакал да ширам паника или на некого да му го расипувам расположението, но одлуката да не воведуваме гасно ембарго не ја донесовме туку-така, туку по интензивни разговори“, додал Хабек. „И нашата индустрија сака да му ги уништи плановите на Путин, но мораме да разбереме што би значела таквата одлука за нас“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УШТЕ 70.000 ЧЕЧЕНСКИ БОРЦИ се подготвени да…

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров изјави дека…

Голем успех: Сребро и бронза за македонските…

Од завршеното Светско првенство во кик бокс…

Лиз Трас смени министер бидејќи недолично се…

Британската премиерка Лиз Трас го смени министерот…

Сакам да сум денес динамит и сè…

Професорката по македонски јазик Билјана Котлар-Сакоман за…

Пентагон: Путин не донел одлука за употреба…

Пентагон оцени дека нема знаци дека рускиот…