Објавено на:

Германски новинар: Во Украина се борат две нации на умирање

t

Новинарот на германски „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ Михаел Мартенс, кој ги покрива источна и југоисточна Европа, истакнува дека завојуваните Русија и Украина се нации на изумирање поради тоа што огромен број на луѓе ги напуштаат овие земји, а бројот на новородени деца е многу мал.

Демографски гледано, во Украина две нации на умирање се борат меѓу себе. Украина и Русија изгубија повеќе население поради негативните демографски трендови и емиграцијата во последните 30 години од речиси која било друга земја. Сега губат и уште повеќе поради војната – коментира Мартенс.

Во последните 26 години Украина загубила над 8 милиони од своето население кое сега е на ниво од нешто над 43 милиони граѓани.

Во последните 20 години, пак, Русија го зголемила своето население за само околу 500 илјади луѓе иако во Русија емигрира голем број луѓе од поранешниот Советски сојуз. Сепак, во последните три години Русија значително го намали своето население на годишно ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претреси во домот, возилото и два угостителски…

Претреси во домот, возилото и два угостителски…

Вработените во Филхармонија ќе бараат кривична одговорност…

Одлуката на Зоран Љутков, министер за култура…

Таравари: Состојбата во ВЛЕН е релативно стабилна

Запрашан дали се точни дел од информациите…

Повредениот од „Пулс“, Дарко Стојанов: Моите деца…

Дарко Стојанов кој беше повреден во пожарот…

Германски воен гигант влегува во Бугарија –…

На 26 март, во Бугарија пристигна висока…