Германски план: Бундесверот испраќа војници во Босна за да се спречи отцепување

Германија размислува да испрати војници во мисијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, а идејата на коалиционите партнери во германската влада им ја претставила министерката за надворешни работи Аналена Бербок, пишуваат германските медиуми.
Контингентот на Бундесверот треба да ја зајакне операцијата на ЕУФОР Алтеа во Босна и Херцеговина „поради растечките политички тензии“ со цел да се „стабилизира ситуацијата“ и да се „спречат тенденциите кон отцепување“, наведуваат германските медиуми, повикувајќи се на владини извори.
Бербокова на лидерите на пратеничките групи на владејачката коалиција им го претстави планот според кој германски војници ќе пристигнат во БиХ пред изборите во таа земја закажани за 2 октомври.
Се уште не е познат точниот број на германски војници кои би биле испратени во БиХ, но се зборува за „висок двоцифрен или низок трицифрен број“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Вардар – паднатиот гигант, кој не…
Фудбалскиот клуб Вардар минува низ најтешкиот период…
Ахмети се правда: Нашата партија не е…
По три часа седница, Централното претседателство на…
„ПОЛИЦИЈА – POLICIA – POLICE“: Полициските униформи…
Во Градот Скопје, во општините во Градот…
(Во живо) Следете САЈБЕР КОМАНДА со Филип…
Следете САЈБЕР КОМАНДА со Филип Петровски. Емисијата…
(Видео) Димни бомби и бело знаме: Косовците…
Демонстрантите на денешниот протест во Приштина фрлија…