Објавено на:

Германците со нов пристап кон Русија, нема потреба од санкции

t

Економистите од германските универзитети и предлагаат на Европската унија да започне царинење на енергенсите од Русија и на тој начин преку пазарот да се намали увозот без прекини во снабдувањето.

Институтот за истражување на пазарот „Ифо“ и „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ анкетирале 158 професори по економија, а 70 отсто од нив се за царинење на руските енергенси.

Професорите генерално веруваат дека царината е подобар инструмент за казнување од забраните за увоз, поповолни за увозниците и ефективни како мерка против извозниците.

Зголемувањето на царините, имено, ја обесхрабрува потрошувачката, но не го ограничува увозот. Во исто време, послабата побарувачка на извозниот пазар ја принудува цената да падне.

„Тоа може да биде ефикасен механизам за притисок врз Русија“, рече шефицата на Центарот за надворешни економски односи на Ифо, Лисандра Флах.

Од друга страна, речиси четвртина – 23 проценти – од анкетираните економисти изразија скептицизам, бидејќи новата царина носи ново поскапување кое се прелева кај потрошувачите.

Скептиците оценуваат дека Русија има премногу простор за маневрирање во преговорите и дека во случај на царинење, ЕУ на крајот ќе плати за тоа.

Некои професори отфрлија сè освен сегашниот прекин на увозот и секое плаќање кон Русија.

Речиси три петтини од испитаниците процениле дека Германија треба да ги ограничи надворешно-трговските односи со автократските земји, бидејќи се покажа дека автократиите честопати не се доверливи партнери. Дополнително, рекоа, Германија е коодговорна за човековите права во земјите со кои тргува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски реагираше на потегот на Русија: „Еден…

Кога на Путин му беше доделено руското…

Најмалку петмина загинати од пиротехнички средства во…

Најмалку пет лица загинаа а десетина се…

Специјален руски лет до Вашингтон

Специјалниот авион Ил-96 тргна од Москва во…

„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…

Москва има детален план за напад на…

Германец украде багер и дивееше низ град,…

38-годишен Германец, чие име не е соопштено,…