Објавено на:

Гирото, кафето и пивото по цена од 4 евра, топка сладолед дури 2 евра – Какви се цените во Грција?

t

Стандардните летни задоволства, како сладолед, кафе, гиро, пиво…сезонава ќе ве чинат поскапо на грчките плажи.

Омилената летна дестинација на голем број Македонци ги крена цените и за сместување и за храна.

Во соседна Грција, ќе може да уживате на море, но задоволството ќе ве чини поскапо.

Апартманското сместување е поскапено за 10-30 евра за еднонеделен одмор, зависно од местото и условите.

Многумина кои веќе ја посетија Грција сезонава велат дека наместо 30 евра од апартман, како во времето пред ковид пандемијата, сезонава плаќаат по 50-60 евра за истиот апартман.

Специјалитето без кој не поминува летото во Грција – гирото сега се продава по цена од 4 евра, а исто толку чинат и кафето и пивото.

За топка сладолет туристите ќе мора да одвојат најмалку две евра.

Она што радува е дека цените на храната во маркетите е горе- доле иста како кај нас.

Грција е привлечна поради убавината и топлото море, но и поради близината, па така голем број Македонци велат дека ниту поскапите цени нема да ги спречат да уживаат. Овој став го делат и многу млади за кои Грција нуди многу места со одлична и незаборавна забава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ограничен е влезот на возила во регионот…

Според официјалната мрежа на локалната власт на…

Ковачевски најави забрана за набавка на морски…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на вонредната прес…

Јакимовски за референдумската иницијатива на Левица: Доста…

Лидерот на ГОРМ, Стевчо Јакимовски смета дека…

Ковачевски најави субвенции на сметките за струја

Темата на вечерашната вонредна прес-конференција е енергетската…