Ги излажале дека нивни блиски прегазиле деца мигранти – Измамени повозрасни кумановци

Двајца повозрасни кумановци измамени преку телефоснки повици за наводни сообраќајки.
– На 30.01.2025 во 16.00 часот во СВР Куманово, 66-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2500 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзината ќерка предизвикало сообраќајна незгода во која прегазила дете мигрант и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не одговара кривично. Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна се слушнала со нејзината ќерка и сфатила дека е измамена односно дека нема никаква сообраќајна незгода. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, известија од МВР.
– На 30.01.2025 во 17.00 часот во СВР Куманово, 83-годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 100.000 денари. Според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник му кажало дека неговите син и снаа предизвикале сообраќајна незгода во која прегазиле дете мигрант и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не одговараат кривично. Како што е пријавено, тој ги однел парите на договореното место, а подоцна се слушнал со неовиот син и сфатил дека е измамен односно дека нема никаква сообраќајна незгода. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата за другиот случај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Максим Димитриевски сака трет мандат за Куманово
Актуелниот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим…
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Блумберг: ТРАМП ВРШИ ПРИТИСОК БРЗ БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ…
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп врши притисок…