Ги чекаме тие Ф-16, како што ме чекаше мајка ми од училиште – Зеленски со порака со западните лидери

Претседателот Володимир Зеленски изрази надеж дека борбените авиони Ф-16 ветени од меѓународните партнери ќе пристигнат во Украина веќе ова лето, на Киев му требаат најмалку 128 такви авиони.
„Знаете, тоа е како да кажете дека има силна одлука да им се дадат на Украинците Ф-16… но колку? Знаете, ние секогаш чекаме. Како што мајка ми ме чекаше после училиште, а јас секогаш наоѓав причина зошто доаѓам касно. Ова е исто, но многу посериозно“, истакна Зеленски.
Тој изрази надеж дека Ф-16 ќе пристигне ова лето. Тој нагласи дека Русија користи 300 авиони секој ден во војната против Украина, додека партнерите се одлучиле за 10, 20 авиони.
„И да ги има 50 – не е ништо. Имаат триста. Ние се браниме, ни требаат 128 авиони. Додека немаме 128 авиони, нема да можеме да им парираме на небото, ќе биде тешко“, додаде шефот на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…
Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…
Над 13 илјади странци се вработени во…
Развојот на различните сектори на економијата и…
Апасиев до власта: Не одите уште долго…
*Објава на Фејсбук на пратеникот Димитар Апасиев:…
Поради високите температури, граѓаните да не излегуваат…
Од вчера до денес имаме пораст на…
СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…
Нема дно кое Мицкоски не може да…