„Гласен Текстилец“ ги повика работниците да пријавуваат ако не им е исплатено К-15

Рокот за исплата на регрес за годишен одмор или познато како К-15 помина. Во денешното соопштение од НВО „Гласен Текатилец“ се вели дека правото на регрес за годишен одмор К-15 претставува законска обврска на работодавачот. Рокот за исплата на регресот е до 31 декември.
-Ве повикуваме до 15 јануари 2022 година, да пријавите доколку не ви е исплатен регрес од годишен одмор или ви е исплатен само дел од предвидениот надоместок за уредно да можеме да реагираме и пријавиме до Државниот трудов инспекторат, се со цел работодавачот да биде задолжен за негова исплата и соодветно санкциониран, велат од „Гласен Текстилец“.
Тие ги информираат работниците дека доколку во фирми каде има исплата на регрес од годишен одмор во помал износ, а имало потпишано спогодба со претставник од работниците, ќе побараат да се испита законитоста за назначување на тој претставник со целата потребна документација.
-Пријавувањето е анонимно и ве охрабруваме да пријавувате прекршување на работнички права, бидејќи заштита доаѓа најпрвин од самите вас како работници, се вели во соопштението од „Гласен Текстилец“.
Ги повикуваат ССМ и Организација на работодавачи да го ревидираат Колективниот договор за стопанството, се со цел да не се дозволува простор за манипулација и исплата на регрес за годишен одмор во помал износ од предвидениот законски износ.
-Ние како Здружение ќе продолжиме да правиме притисок правото на регрес за годишен одмор во влезе во самиот Закон за работни односи и да важи подеднакво за сите работници/чки од јавен и приватен сектор, за да не се случуваат вакви манипулации кои синдикатот ги дозволи во ОКД за приватен сектор, додаваат од „Гласен Текстилец“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БРУКА НЕВИДЕНА: Функционер на ВМРО-ДПМНЕ ѝ се…
Партијата како организација нема помогнато за уставобранителите,…
,,ЌЕ ИМ ДАДЕМЕ ПАРИ АКО ОДАТ НА…
Повеќето од нив можеби немаат финансиски или…
Груевски беше преголем за овој народ: Направи…
Груевски придаваше вредност на секоја пора од…
(Видео) Бербок на Мицкоски му кажала дека…
За целата ситуација во опозицијата јас го…
Неовластено поставил 50 лежалки и 25 чадор…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р.(65)…