Голема акција: Бугарин, Турчин и Белгијци подготвувале терористички напад!

Седум лица, од кои пет се белгиски државјани, еден турски и еден бугарски, денеска се приведени во рамки на истрагата за можни терористички напади, соопшти белгиското обвинителство.
Тие беа приведени во рамки на акцијата против екстремистичките активности насочени кон радикализирање на младите. Повеќето од приведените се на возраст од околу дваесет години.
Федералното обвинителство соопшти дека се приведени осум лица, а еден од осомничените е ослободен.
Лицата се приведени како дел од две тековни истраги во Брисел и Антверпен, два случаи поврзани со планирањето на нападот, кои имале меѓусебни врски, соопшти обвинителството.
Засега не е утврдено кои биле потенцијалните цели на тие терористички планови.
Во истрагата спроведена во Антверпен денеска им е одреден притвор на четири лица, тројца Белгијци и еден Турчин.
Во случајот во Брисел, притвор им е одреден на уште тројца осомничени, двајца Белгијци и еден Бугарин.
Тие се обвинети за „учество во активности на терористичка група“, „подготвување терористички чин“ и „ширење пораки со намера да поттикнат извршување терористички чин“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познат кардиохирург го нападнал директорот и медицинска…
МВР информира дека денеска околу 10.00 часот…
Носорог убил чувар во зоолошка и тешко…
Чувар во зоолошка убиен од носорог, а…
Белгија ќе користи специјален дрон за транспорт…
За прв пат во Белгија патнички дрон…
Со фалсификувани македонски возачки направиле еден куп…
Министерството за внатрешни работи информира дека Единицата…
Украински бегалец освоил 500.000 евра на лотарија…
Бегалец од Украина освоил премија од 500.000…