Голема акција на ОВР Гевгелија и САЕ “Тигар”: Спречена трговија со дрога вредна 50.000 евра!

Денеска (12.04.2022) од страна на СВР Струмица – ОВР Гевгелија до надлежното ОЈО Гевгелија е поднесена кривична пријава против Т.П.(30) од Валандово и Ј.Р.(31) од Гевгелија по чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.
Имено, на 08.04.2022 од страна на полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при ОКП во соработка со ОСОСК, САЕ „Тигар“ и ОВР Гевгелија во Гевгелија беше спречен транспорт на 16 килограми марихуана во вредност од 50 илјади евра, која требало да биде транспортирана од нашата држава до Република Грција, како крајна дестинација.
По преземени мерки и активности во координација со Јавен обвинител од ОЈО ГОКК, во попладневните часови во с.Мрзенци била запленета марихуана, спакувана во 20 полиетиленски пакувања кои биле сместени во 2 торби, а на 11.04.2022, по обезбедени материјални докази, биле приведени Т.П. и Ј.Р., при што се запленети две возила и неколку мобилни телефони.
Лицата ќе бидат спроведени пред Судија на претходна постапка од Основен Суд Гевгелија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мексико го екстрадира синот на озлогласениот Ел…
Потегот доаѓа девет месеци откако синот на…
Хантер Бајден со федерално обвинение за нелегално…
Хантер Бајден денес е обвинет за нелегално…
(Видео) Српската полиција пронајде марихуана во возило…
Полицијата вечерва пресретнала возило на Брза помош…
Утнале цел континент: Македонските ученици ќе учат…
Учебната година почна а учениците од шесто…
Се возеле со марихуана, кокаин и хероин:…
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против И.М.(48)…