Голема експлозија во близина на резиденцијата на Путин на Црното Море!

Голема експлозија одекна во нафтена рафинерија во Краснодар, на само 130 километри од резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин на Црното Море.
Засега не се знае дали се работи за напад со дрон или за саботажа.
Експлозијата се случи откако руски генерал беше убиен во ракетен напад. Според „Дејли мејл“, Русија претрпе два тешки удара додека Украина ја засили офанзивата, а силите на Киев тврдат дека ослободиле најмалку четири села на фронтот.
Засега нема преземање одговорност за нападот на Краснодар.
На социјалните мрежи утринава се појави видео од рафинерија за нафта во Краснодар, на кое се гледа како пламен и густ црн чад излегува од објектот по нападот.
Градот Краснодар е главен град на Краснодарската област, која е поврзана со анектираниот Крим преку теснецот Керч. Краснодар, наводно, е клучна врска и центар за снабдување на окупираниот Крим.
„Пожарот избувнал во фабриката за преработка на дизел“, пренесува локалниот портал „Кубан њуз“ и додава дека интервенирале повеќе од 130 пожарникари.
Според „Дејли мејл“, резиденцијата на Путин се наоѓа на врвот на карпа, вреди околу една милијарда евра, има подземен бункер и лозје, а од местото на експлозијата е на помалку од 130 километри.
Во последните месеци имаше чести напади во границите на Русија.
Се верува дека Украина или проукраинските групи користат беспилотни летала со месеци за да ја нападнат клучната инфраструктура како што се рафинериите за нафта или воените бази.
Градот е оддалечен околу 320 километри од фронтот во Украина.
Синоќа, Русија изврши масовен ракетен напад во текот на ноќта врз централниот украински град Криви Рог, родното место на претседателот Володимир Зеленски, при што загинаа најмалку три лица, а беа повредени 25, соопштија украинските власти рано во вторникот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина нема да ја признае американската…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Телата на 909 загинати војници се вратени…
Телата на 909 загинати војници се вратени…
Девизните резерви на Русија срушија нов историски…
Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…
Макрон: Не е време за укинување на…
Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…
Голем удар за Русија, хакерски напад го…
Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…