Голема загриженост кај лидерите на Г7: Зошто Русија носи Искандери во Белорусија?

Лидерите на Г7 изразија загриженост за плановите на Русија да ги префрли во Белорусија комплексите Искандер кои можат да носат нуклеарно оружје.
Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија во наредните месеци ќе ги пренесе комплексите „Искандер-М“ на Минск.
„Ја повторуваме нашата осуда на руската неоправдана употреба на реторика и сигнали поврзани со нуклеарното оружје. Русија мора да се придржува до своите меѓународни обврски, вклучително и оние кои забрануваат употреба на хемиско, биолошко или нуклеарно оружје. Ја повикуваме Русија да се однесува одговорно и да покаже воздржаност , „и повторуваме дека употребата на такво оружје ќе биде неприфатлива и ќе има тешки последици. Во врска со тоа, изразуваме сериозна загриженост по најавата на Русија дека може да пренесе ракети со нуклеарни капацитети во Белорусија“, се вели во документот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Самитот на ОБСЕ е одлична можност…
"Македонија треба да е горда на своето…
Путин: Сетете се на 1917 година, светот…
Русија им застана на патот на оние…
Москва: САД се обидуваат да организираат државен…
Заменик министерот за надворешни работи Сергеј Ријабков…
Москва: Разговори со САД скоро невозможни
Русија нема да се согласи на „еднострани…
Финска е подготвена да го затвори последниот…
Финските власти се подготвени, доколку е потребно,…