Објавено на:

Голема количина тутун и цигари без акцизни маркички запленети во Тетово!

t

Во координирана акција на Секторот за контрола и истраги на Царинската управа со единицата за економски криминал при Одделот за крим полиција при МВР и службени лица од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи извршена во текот на вчерашниот ден во Тетово, запленети се 260 килограми тутун, 12.800 парчиња цигари и 240 електронски цигари.– Со ова е спречен обид за пуштање во промет на акцизна стока за која е избегнато плаќање на акциза во износ од 600 илјади денари, се наведува во соопштението од Царинската управа.

Оттаму посочуваат дека во заедничката акција, спроведена со цел откривање на производи без платена акциза, при контрола на неколку локации во Тетово, кај две правни и девет физички лица беа пронајдени сецкан тутун за пушење, тутун за наргиле, цигари и електронски цигари без акцизни маркички.-Стоката е привремено одземена, а против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните институции, велат од Царинската управа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Спречен голем криминал”: Косовската полиција заплени 3,5…

Косовската полиција синоќа спречи шверц на над…

Тешка сообраќајна несреќа во Тетово: 24-годишна девојка…

Дваесет и четиригодишна девојка од Тетово е…

Полицијата најде дрога и странски државјанки на…

На 17.09.2023 во 01.10 часот, согласно претходно…

Тешка сообраќајна несреќа во Тетово: Мерцедес удри…

На 16.09.2023 во 15.55 часот било пријавено…

Две жени се повредени во сообраќајка, завршиле…

МВР извести дека вчера во 15.50 часот…