Голема трагедија во Кавадарци: Работниците што загинаа се скопјани на возраст од 30 и 50 години

Се испитуваат причините за несреќата во Кавадарци во која загинаа двајца градежници, информираа попладнево од Јавното обвинителство.
-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место на локацијата каде утринава, при извршување градежни работи, се откачи дигалка – кран, при што двајца работници од Скопје го загубија животот. Едниот од загинатите работници бил на возраст од 30, а другиот од 50 години. Во несреќата не се повредени други лица. Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на телата на починатите. Локацијата се обезбедува, а надзор на лице место ќе извршат и надлежни инспекциски служби, соопштија од Обвинителството.
Оттаму посочија дека со цел утврдување на причините за несреќата, ќе биде издадена наредба за вештачење, а во меѓувреме надлежното обвинителство прибира вербални и материјални докази за испитување на сите околности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпански весник: Меси се враќа во Барселона?!
Шпанскиот спортски дневен весник „Diario sport“ пишува…
Вардар поразен од Целје: Струшкиот турнир има…
Струшкиот ракометен турнир кој летово се одржува…
Стејт департментот тајно го предупредил Конгресот за…
Стејт департментот тајно го предупреди американскиот Конгрес…
Утре е Преображение Господово: Ова се народните…
Православна црква и нејзините верници утре го…
Кина забрзано купува злато: Увозот најголем во…
Кина забрзано купува злато. Кина купила повеќе…