Објавено на:

Голем број лажни дојави за бомби на јавни места низ Србија, МВР бара меѓународна помош

t

Српската полиција соопшти дека ќе побара помош преку меѓународна оперативна полициска соработка за да добие информации за нарачателот, организаторите и сторителот кој лажно ги пријавил бомбите во трговските центри, јави дописникот на МИА од Белград.

МВР соопшти дека по извршениот контрадиверзионен увид било утврдено дека биле лажни пораките испратени вчера од електронската адреса на сервисот „Протонмаил“ до повеќето трговски центри во Србија со предупредување за наводно поставени експлозивни направи во тие објекти.


Од истата електронска адреса, пораки со иста содржина се испратени на имејл адресите на трговските центри – Рајиќева, Меркатор Центар Белград, Галерија – Белград и Делта Планет во Ниш, се наведува во соопштението.

Како што соопшти МВР, мејловите пристигнале од сервисот „Протонмаил“, сервис за електронска пошта со седиште во Швајцарија, а од него во претходниот период во неколку наврати биле упатени закани и до аеродромот „Никола Тесла“ во Белград и до компанијата „Ер Србија“, а со оператвни сознанија тие се упатени од територијата на една европска држава и Украина.

-Полицијата интензивно работи во соработка со Обвинителството за високотехнолошки криминал на прибирање податоци за сторителите на ова кривично дело, се вели во соопштението на МВР.

Министерот за внатрешни работи Александар Вулин денеска оцени дека лажните дојави за бомби на летовите на „Ер Србија“ меѓу Белград и Москва, како и во трговските центри во неколку градови, претставуваат „чист економски напад врз Србија“, бидејќи таа не воведе санкции кон Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дуда ја обвини Германија: Не ни праќаат…

Полскиот претседател Анджеј Дуда ја обвини Германија…

Вулин: Ако патот до ЕУ води низ…

Вулин: Ако патот кон ЕУ води низ…

Бугарија се пишмани: Ќе ја разгледува опцијата…

Бугарија планира да разговара за исплатите на…

ССМ најави масовни протести од утре: Не…

За време на протестите од 1-ви Мај,…

Русите го деминираа Мариупол: Животот се враќа…

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека…