Голем пожар во Тетово, голем дел од градот остана без струја

Пожар изби нешто по 19 часот во населбата Колтук во Тетово во куќа на улицата „Вукашин Симовски“. Со оглед дека населбата е на почетокот на ридот Балтепе од целиот град можеше да се забележи големата огнена стихија, пренесува Тетово инфо.
Од тетовската територијална противпожарна единица информираа дека се уште се интевенира на гаснење на пожарот, а испратени биле четири возила.
По неколку минути големата огнена стихија се намали, а поголем дел од стариот дел на градот остана без електрична енергија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајна несреќа во Тетово: 24-годишна девојка…
Дваесет и четиригодишна девојка од Тетово е…
Трагедија: Триесет и пет годишен маж пронајден…
Мртвото тело на И.Ј. (35) денеска е…
Полицијата најде дрога и странски државјанки на…
На 17.09.2023 во 01.10 часот, согласно претходно…
Тешка сообраќајна несреќа во Тетово: Мерцедес удри…
На 16.09.2023 во 15.55 часот било пријавено…
Две жени се повредени во сообраќајка, завршиле…
МВР извести дека вчера во 15.50 часот…