Објавено на:

Голем пожар во тетовско: 20 пожарникари се бореле со огнот, тројца се соочиле со мало задушување

t

Во пожарот со мало задушување се соочиле тројца пожарникари поради што имало потреба од лекарска интервенција од страна на дежурна екипа од Итната медицинска помош.

Дури 20 пожарникари и време од речиси четири часа биле потребни ноќеска за да се изгаси пожар кој зафати објект во тетовско Долно Палчиште, информираат од Противпожарната единица од Тетово. Пожарот бил пријавен околу 20 часот и 30 минути, а бил локализиран и ликвидиран дури после полноќ.


– По пријави од многу граѓани се упативме со две возила и седум пожарникари. Во меѓувреме увидовме дека пожарот станува се поголем и побаравме дополнително да дојдат уште 13 пожарникари. Така се интервенираше со 20 луѓе и девет возила. Објектот беше голем на три ката, а внатре имаше многу мебел, теписи и сунѓери материјали што лесно горат – изјави Ука Алити, командант на тетовската Противпожарна единица.

Во пожарот со мало задушување се соочиле тројца пожарникари поради што имало потреба од лекарска интервенција од страна на дежурна екипа од Итната медицинска помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девет месеци нема одговорност за пожарот во…

Обвинителството тактизира за случајот со изгорената модуларна…

Изгоре “Ауди” во Гази Баба

Автомобил „Ауди“ рано утрово изгорел пред куќа…

(Фото) Голем пожар во близина на Берлин:…

Голем шумски пожар забрзано се шири во…

Драма во Тетово: Лица од Гајре и…

Тетовски полицајци вчера во Шипковица пукале во…