Голем пожар и експлозија во складиште за експлозивни материи во Србија!

Во градот Темерин во Србија околу еден час по полноќ избувнал голем пожар, а половина час подоцна дошло и до експлозија, јавуваат медиумите.
Според првите информации нема повредени. Станува збор за складишта со лесно запаливи експлозивни материјали, наведува „Телеграф“.
Големата експлозија ги вознемири жителите на куќите кои се наоѓаат на само 50 метри од магацинот, а до истиот има и мегамаркет.
Според локалните медиуми, пожарот наводно избувнал во помошен објект на крајот од дворот и се проширил на соседната фирма, односно магацинот, пишува „Нова.рс“.
Пожарот први го забележале соседите кои ги алармирале властите. Поради лесно запалливиот материјал пожарот се проширил со голема брзина, па видно е оштетена и зградата на супермаркетот. Нешто по два часа по полноќ пожарот е ставен под контрола. Причината за пожарот допрва ќе ја утврдува истрагата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Студенти во блокада го блокираа влезот…
Блокада на студентите и група граѓани денеска…
Тажна вест од Србија: Поранешен кошаркар на…
Трагични вести пристигнуваат попладнево од Србија каде…
Франс прес за протестите во Македонија и…
„Од улиците на Белград во Србија до…
„Кој е следен?“ демантираат: Не сме дел…
Не сме дел од никаква група за…
Вучиќ најавува контрапротести низ Србија со кои…
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави формирање на…