Голем успех: Изминатата недела 4.646 граѓани ја користеле жичницата до Милениумскиот крст

Во периодот од 6 до 12 мај со жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст се возеле 4646 граѓани, односно само за време на викендот (7 и 8 мај) 3.111 граѓанин го посетиле Водно и ја користеле жичницата. Овој податок говори дека е голем бенефитот што го почувствуваа скопјани со реактивирањето на жичницата.
Жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст и трите автобуски линии кои сообраќаат до Средно Водно повторно се во функција од 30.12.2021 година. Во периодот мај – септември жичницата работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот (поради сервис), од 10 до 20 часот.
За возење во жичницата важат протоколи за заштита од Ковид 19 – во кабина се дозволува превоз на максимум 4 лица, кои имаат обврска да носат маска. На патниците пред влез во кабината им се мери температура и се врши дезинфекција. Кабините се дезинфицираат трипати во текот на денот.
За граѓаните на користење се отстапуваат и два транспортера за превоз на домашно милениче (куче со мал/среден раст), а дозволен е и превоз на куче-придружник на лицата со хендикеп.
До Средно Водно сообраќаат три автобуски линии – бројот 25 (Транспортен центар – Средно Водно), сообраќа секој ден освен понеделник, како и броевите 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и 25Б (Дом на печат – Средно Водно) кои сообраќаат само за викенди и државни празници. Сите три линии за време на викендите и државните празници се бесплатни за граѓаните. Возниот ред за овие три автобуски линии граѓаните можат да го погледнат на Интернет – страницата на ЈСП Скопје, jsp.com.mk.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат…
Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него:…
Во петок наутро посебен режим на патот…
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните…
По четири и пол години, една држава…
Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска соопшти…
Јаневска од „Кој е следен?“: Немаме врска…
Милена Јаневска од граѓанското движење „Кој е…
Прегазен пешак во Чаир – Сообраќајна несреќа…
Пешак е прегазен и повреден во сообраќајна…