Објавено на:

Голем хакерски напад во Чешка

t

Кибер-напади се извршени врз официјални веб-страници на аеродроми, железници, државни и општински институции, како и врз компании во Чешката Република.

Весникот „Млада фронта Днес“ објавува информација за нападите повикувајќи се на Националната управа за кибер и информатичка безбедност, според која се работи за т.н. „DdoS“ напади со прекумерен број симултани отворања на страниците, што ги оптоварува серверите и доведува до застои.

Весникот пишува дека поради нападите Чешките железници не можат да продаваат билети преку Интернет.

Националната управа за кибернетичка и информатичка безбедност издала предупредување за зголемена закана од хакерски напади врз локации во Чешка поради ситуацијата во Украина.

Експертите предупредуваат на можни обиди за навлегување во компјутерските мрежи на стратешки важни државни институции и претпријатија, веб-страниците на јавните служби и медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Русија се пофали: Во Украина првпат…

Русија денеска објави дека соборила паметна бомба…

Страшно: Жена пријавила дека 64-годишник ја претепал,…

Денеска (28.03.2023) во полициска станица во Струмица…

Србија и Унгарија ќе испратат покана до…

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура,…

Србија има потреба од занаетчии: Некои работни…

Работата на заварувач не е популарна меѓу…

Тинејџери ограбиле обложувалница во Кисела Вода

Во понеделникот, во Скопје, од полициски службеници…