Готово е?! – Соборот на СПЦ го одобри канонското единство со МПЦ-ОА

t

Соборот на Српската православна црква (СПЦ) денеска го одобри канонското единство на СПЦ со Македонската православна црква, односно со Охридската архиепископија, објави српскиот портал Блиц, повикувајќи се на високи црковни извори.

Очигледно, сега е веќе решен долгогодишниот црковен спор кој датира уште од 1967 година, кога МПЦ-ОА се одвои од СПЦ и влезе во раскол.

Пред ваквата одлука на Соборот, обновени беа разговорите и преговорите помеѓу српскиот патријарх Порфирил со претставниците на МПЦ-ОА на чело со архиепископот г.г. Стефан, а кои беа водени во најголема тајност во Ниш.

По цели 20 години, откако на 17 март 2002 година беше постигнат Нишкиот договор меѓу Српската православна црква и МПЦ, на истото место за време на првомајските празници повторно беше воспоставена официјална комуникација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меџити го изгоре Мицкоски: Требаат уште шест…

Изет Меџити и други приврзаници на т.н.…

Левица од Атина: Грција и Бугарија мораат…

Грција и Бугарија мора да ја признаат…

Само со пријава ќе може да се…

Ние ќе бидеме таму за да воспоставиме…

МВР најостро ги осудува лагите дека бугарска…

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира…