Готово е?! – Соборот на СПЦ го одобри канонското единство со МПЦ-ОА

t

Соборот на Српската православна црква (СПЦ) денеска го одобри канонското единство на СПЦ со Македонската православна црква, односно со Охридската архиепископија, објави српскиот портал Блиц, повикувајќи се на високи црковни извори.

Очигледно, сега е веќе решен долгогодишниот црковен спор кој датира уште од 1967 година, кога МПЦ-ОА се одвои од СПЦ и влезе во раскол.

Пред ваквата одлука на Соборот, обновени беа разговорите и преговорите помеѓу српскиот патријарх Порфирил со претставниците на МПЦ-ОА на чело со архиепископот г.г. Стефан, а кои беа водени во најголема тајност во Ниш.

По цели 20 години, откако на 17 март 2002 година беше постигнат Нишкиот договор меѓу Српската православна црква и МПЦ, на истото место за време на првомајските празници повторно беше воспоставена официјална комуникација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две лица загинаа, а 29 се ранети…

Најмалку две лица загинаа, а 29 се…

НЕМА ОДМОР ДУРИ НЕ СЕ НАЈДЕ И…

Војниците прво не го пријавиле исчезнувањето, туку…

Хил пресече за Заедницата на албански општини…

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, во…

СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН: Ќе се…

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска…

НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО МУЗЕЈОТ…

Локалните медиуми пишуваат дека пред музејот има…