Го пријавив во полиција, проба да ме згази: Професорката Андовска раскажува што и се случило

t

Композиторката и професорка на факултетот за музичка уметност, Дарија Андовска, сподели морничаво сведоштво на фејсбук, кое го пренесуваме во целост:

„Ете, една дождлива вечер во 2016, возиме накај дома. После железничка, пред Т.Ц. Скопјанка има пешачки. Застануваме да пројдат пешаците.
Југо со неверојатна брзина удира во нас отпозади, додека стоиме пред пешачкиот премин.
Прво шок.
Среќа, никој не е повреден.
Излегуваме од кола, југото заминува понатаму. Го сликам, му ја сликам регистрацијата.
Сликам што е искршено и каде е, па викам полиција.
Во меѓувреме, југото со голема брзина се враќа рикверц (!!!) по булевар до нас (изгледа му јавиле пријателите, понатаму ќе биде појасно).
Паркира позади нас и излегува да се расправа.
Јас стојам на тротоар. Влегува во кола (откако ме испцу) и се качува возејќи на тротоар, во обид да ме згази. После вози право кон колата, каде Слободан е клекнат и свртен со грб – за малку не го смачка (оти тоа му беше намерата), а јас вриштев да се тргне.
Повторно замина југото.
После саат и кусур стигна полиција.
Бараа да се потпише нешто и да си заминеме. Одбивме. Дојдоа сведоци отспротива да кажат дека ние сме криви (!!!!). Лажеа.
Се врати и тој со југото. После 2 и пол часа му измерија над 4 промили алкохол во крвта.
А “сведоците” – полицајци, замислете.
Среќа никој не загина, а можеше и пешаците и ние да загинеме од лик кој го бранеа полицајци.
Патем, отпосле Слободан рече дека го видел југото и морал во моментот да одлучи дали да ризикува да ги згази пешаците, за да се тргне или да го остави да удри во нас. Ете.
Ниту е некој повикан на суд до сега, ниту има пресуда – далеку од тоа.
Толку.“ – Напиша Андовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж од Делчево доби кривична пријава за…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе…

Кривична од „Меѓаши“ за вевчанецот кој на…

МВР информира дека денеска во ОВР Струга…

Пензионерка доби кривична пријава поради коментар на…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.С.(67)…

Фејсбук ќе плати казна од 746 милиони…

Фејсбук ќе биде казнет со повеќе од…

Скопјанец заработи кривична пријава поради коментар на…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Д.(29)…