Го продадоа и тоа што остана: Сите бугарски барања влегуваат во преговарачката рамка за ЕУ

t

Од неофицијални извори дознаваме дека Македонија самата прифаќа да го смени Уставот, со што Бугарите ќе бидат вметнати во Преамбулата, до ефективниот почеток на преговорите со ЕУ за да се дигне ветото за првата меѓувладина конференција.
Во доставениот предлог за преговарачката рамка на Франција, фактички се прифааќаат сите барања на Бугарија, освен барањето за непостоење на македонскиот јазик.

Барањата на Бугарија за негирање на македонскиот идентитет до 1944 година влегуваат во преговарачката рамка меѓу ЕУ и Македонија, а гаранциите што Софија ги бара од ЕУ ќе се ефектуираат со мониторирање од Европската комсија која ќе следи како ќе се одвиваат билатералните преговори меѓу Македонија и Бугарија.

Во Македонија власта тврди дека уште го нема видено предлогот.

„Ние немаме добиено предлог за деблокирање на проширувањето на ЕУ кое вклучува решенија што произлегуваат од нашите разговори со Бугарија којшто е усогласен со сите земји членки на ЕУ“, рече поплалднево премиерот Ковачевски како одговор на новинарско прашање на прес-конфереција на Преспа форумот за дијалог во Охрид.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Велосипедист падна на Водно и скрши…

Денес околу 15.00 часот велосипедист скршил колк…

ЗЕМЈОТРЕС ОД 7,6 СТЕПЕНИ ОД РИХТЕР: Се…

Земјотрес со јачина од 7,6 степени според…

Од утре стартува дневната евтина тарифа на…

Од утре стартува евтината дневна тарифа на…

„Ауди“ со илегални мигранти се судри со…

Вчера на регионалниот пат Валандово – Струмица…