Објавено на:

Го “спуштија” Зеленски на земја: По одбиената покана, германскиот претседател повторно добредојден во Киев

t

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска телефонски разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски и го надминал спорот околу идната посета на Киев, што првично беше одбиена, соопшти претседателскиот кабинет во Берлин, пренесе ДПА.

Штајнмаер кон средината на април планираше да замине за главниот град на Украина, заедно со претседателите на Полска, Летонија, Естонија и Литванија, но во куса порака му било кажано да не доаѓа.

Одлуката на Киев беше донесена во услови на постојани критики за врските на Штајнмаер со Русија и неговиот неуспех за време на неговото министерување со ресорот за надворешни работи да ги послуша предупредувањата од источноевропските соседи за заканата од руска агресија.

ДПА појаснува дека Штајнмаер во денешниот телефонски разговор на Зеленски му ја изразил својата „солидарност, почит и поддршка за храбрата борба на украинскиот народ против рускиот агресор”, а двајцата шефови на држави го опишаа разговорот како „многу важен” и „многу добар”, соопштија од претседателскиот кабинет.

Оттаму додаваат дека и Штајнмаер и левичарската влада на канцеларот Олаф Шолц биле поканети во Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски до фестивалците на Гластонбери: Проширете ја…

Покрај сите светски имиња како Били Ајлиш,…

Зеленски: Ова е победа, чекавме 120 дена…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нарече „победа“…

(Видео) Зеленски: Утре започнува историска недела, ќе…

Мислам дека на сите им е очигледно…

(Видео) Се додека сте живи постои силен…

По враќањето од фронтот на југот на…

Зеленски со тајни наредби од Западот: Еве…

Економските штети што овие европски земји ги…