Го тeпале дури не изгyбил свест: Двајца браќа со cтапови, kлоци и бokcови му нанеле тeшки тeлeсни повpeди на едно лице

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против две лица од село Добридол кои како соизвршители сториле кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

На 02.05.2021 година, пред угостителски објект во селото, тие со умисла тешко телесно повредиле едно лице со кое претходно влегле во вербална расправија.

Двајцата обвинети браќа, најпрвин со стапови го удриле оштетениот, а кога тој паднал на земјата, продолжиле да го удираат со клоци и боксови додека не изгубил свест.

Со ударите му нанеле тешки телесни повреди – расцепни рани на главата, нагмечување на лактот и скршеница на десната потколеница.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена физички нападната во Куманово

На 30.12.2022 во 19:10 часот В.К.(54) од…

Малолетници нападнале врсник во битолско

На 30.10.2022 во 01:00 часот А.Т.(40) од…

Како да живееме во племе: Скопјанец му…

Пензионер се заканувал со секира кон сограѓанин,…

(Видео) Апасиев им ја зема “флашката” од…

На отварање на македонскиот клуб во Благоевград…

Пендаровски го осуди нападот врз новинарот Зоран…

„Нajостро го осудувам нападот врз новинарот Зоран…