Градоначалничката Арсовска оствари средба со Делегацијата на амбасадата на Франција

t

Градоначалничката Арсовска денеска оствари средба со Шефот на Делегација на Франција во Скопје, амбасадорот Сирил Бомгартнер и директорот на Регионалната Канцеларија на Француската агенција за развој, Доминик Ортберг.

На средбата присуствуваа и аташе за соработка Жулие Маравал и Камил Имберт, одговорна за проектот Smart Cities во Регионалната канцеларија на Француската агенција за развој.

На средбата се зборуваше за предизвиците кои го очекуваат Градот Скопје и за приоритетите на новото градско раководство во наредните четири години со цел креирање на подобар квалитет на живот за граѓаните, но и исполнување на сите проекти предвидени во програмата на Град Скопје.

Арсовска потенцираше дека како еден од поважните проекти кои се предвидени за реализација во наредните четири години е целосната дигитализација на Градот Скопје, со цел брзо и ефикасно решавање на проблемите кои ги засегаат граѓаните на ниво на градот.

Амбасадорот Бомгартнер посака успешна работа и проширување и продлабочување на соработката помеѓу Градот Скопје и Амбасадата на Франција во Скопје. Тој додаде дека се надеваат дека Град Скопје ќе продолжи да се развива во насока да стане почист и поеколошки град, град кој нуди подобри услуги и се стреми да прерасне во дигитален град. – Пишува во соопштение до медиумите од Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

21-годишна девојка физички нападнала полицаец во Скопје

На 01.10.2022 околу 24 часот пред угостителски објект на…

Разбојници со нож нападнале и ограбиле скопјанец…

На 01.10.2022 околу 18,00 часот на подрачје…

Малолетници се степале па извадиле ножеви во…

СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против…

Пронајдена марихуана, приведен дилер во Скопје

На 28.09.2022 околу 19.00 часот на подрачјето…