Градот Скопје активно работи за граѓаните, пријавете проблем во секое време

t

Градот Скопје активно работи за граѓаните, пријавете проблем на 24@skopje.gov.mk
На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk во последната работна недела пристигнато е 41 барање и предлог од граѓаните, од кои решени се дури 40.

Најголемиот број граѓани во текот на изминатата недела пријавиле проблеми со бездомни кучиња, побарале кастрење на суви дрвја и гранки, пријавиле проблеми со подигањето на комуналниот отпад, а дел од прашањата се однесуваат и на данокот на имот.

Проектот „Отворен град 24 часа“ овозможува граѓаните брзо и лесно да пријавуваат проблеми. Целта е да се поттикне ефикасно и ефективно работење на градската администрација, кое ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и преку непосреден однос со граѓаните ги решава нивните проблеми.

Стручните служби во Градот Скопје се задолжени да одговорат на барањата на граѓаните што пристигнуваат на адресата 24@skopje.gov.mk или да ги решат во најкраток можен рок со што се овозможува брза и непосредна интервенција на терен за пофункционален град во служба на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инвазија: Нов бугарски клуб, овојпат во Кавадарци!

На 11 декември во Кавадарци ќе биде…

Османи: Не можеме да дозволиме или да…

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи одржа…

(Видео) Навивачка на Швајцарија покажа „двоглав орел“,…

Репрезентацијата на Србија не успеа да се…

Здружението на новинарите на Македонија денеска избира…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска…

Кармата е кучка: Холандија ќе им стави…

Холандија смета дека е „сè уште прерано“…