Градот Скопје распиша Јавен повик за избор на надворешни членови и заменици членови на Комисијата за обештетување од каснувања од бездомни кучиња

Град Скопје објави Јавен повик за избор на надворешни членови и заменици членови на Комисијата за постапување по барања за надоместок на штета, предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје
Јавниот повик е објавен врз основа на Одлуката за утврдување на надоместок на штета предизвикана од каснување на бездомни кучиња („Службен гласник на Град Скопје“ бр. 5/22), како и на член 4 став 4 од Правилникот за начинот и постапката на утврдување и исплата на надоместокот на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња, број 08-5213/1 од 04.05.2022 година.
Предмет на јавниот повик е избор на надворешни членови и заменици членови на Комисија за постапување по барања за надоместок на штета предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје, и тоа:
– 1 (еден) член и 1 (еден) заменик член од редот на лиценцирани лекари трауматолози
– 2 (два) члена и 2 (два) заменици членови од редот на лиценцирани лекари од областа на психијатријата.
Рокот за пријавување е до 17.05.2022 година.
Повеќе информации поврзани со јавниот повик може да добиете на линкот www.skopje.gov.mk/media/8536/јавен-повик-за-избор-на-членови-на-комисија-mkd.pdf
Лицата заинтересирани за аплицирање, прашања за појаснување на јавниот повик, може да поставуваат до Сектор за правни работи. Контакт тел: (02)3297- 348 и (02)3297-259 и e-маил адреса: Julijana.Bilkova@skopje.gov.mk.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
19-годишник силувал малолетно девојче од тетовско
Деветнаесетгодишно момче од селото Крушопек, Скопско е…
Арсовска на годишната средба на европски гимназии…
Денеска се одржа годишната средба на европски…
Екипите на Водовод и канализација спроведоа активности…
Екипите на сектор Водовод во текот на…
Посебен сообраќаен режим поради завршни активности за…
На булeварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот…
И не им доаѓа паметот: 334 казни…
– Секторот за внатрешни работи Скопје вчера…