Градот Скопје се вклучува во акцијата за подигање на свеста за лицата со попреченост

t

Во пресрет на Светскиот ден на свесност за аутизмот (2 април), Градот Скопје и ЈСП се вклучуваат во проектот „Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост“ во организација на Здружението на граѓани „Куќа на среќата“, кое има за цел подигнување на свеста за лицата со попречености преку инклузивната лента која ја носат овие лица.

Во поголем дел од возилата од ЈСП Скопје залепени се пораки „Разбери, прифати, сакај!“ кои укажуваат дека лицата кои носат инклузивна лента се лица со попреченост и апелираат секој кон нив да биде трпелив, љубезен и подготвен да помогне.

-Пораките се залепени на видно место во возилата во ЈСП, но и во сите културни институции во рамките на Градот Скопје, со цел сите посетители и корисници на јавниот превоз, да ја прочитаат инклузивната порака за разбирање, прифаќање и сакање на лицата со различности, односно на лицата кои се со видлива или невидлива попреченост, велат од Град Скопје.

„Доколку забележите лице кое ја носи оваа лента на врат разберете дека ви испраќа порака, прифатете го неговото однесување и потреба“, порачуваат од „Куќа на среќата“.

Градот Скопје е отворен за соработка со сите организации и здруженија и е подготвен да пружи помош и поддршка согласно расположливите можности и околности.

Во таа насока, во возилата на ЈСП Скопје и на Жичарницата им е дозволен превоз на лица со попречености со куче придружник, а врши и организиран бесплатен превоз со специјални комбиња, лицата со попречености се ослободени од плаќање билет при користење јавен превоз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ не ги задоволи потребите за струја…

АД ЕСМ на 03.12.2022 година произведe 12.797…

Катастрофално е за тебе и за Србија…

Албанскиот премиер Еди Рама упати порака до…

Досега не можеа – Каевски: Преку планираниот…

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на…

Паника во САД и Јапонија: Не можат…

Вашингтон и Токио нема да можат да…

Османи: Уставните измени што побрзо да станат…

Уставните измени треба што побрзо да станат…