Градот Скопје ќе финансира целосна реконструкција на улицата „Славка Динкова“ во општина Кисела Вода во износ од над 50 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница расправаше и донесе одлука Град Скопје да реализира голем инфраструктурен проект за целосна реконструкција на улицата Славка Динкова, општина Кисела Вода.
Проектот ќе се реализира преку меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Кисела Вода.
Со овој проект се предвидува изградба на атмосферска канализација, целосна реконструкција на коловозот и пешачките патеки, како и поставување на ново улично осветлување.
Улицата Славка Динкова е една од најголемите улици во населба Драчево и истата претставува конектор – сообраќајница која ги поврзува поголемите собирни улици во Драчево со магистралната улица „Јустинијан Први“.
Проценетата вредност на овој проект изнесува 50.500.000 денари и средствата ќе се обезбедат од буџетот на Град Скопје, додека Општина Кисела Вода ќе учествува во проектот со изработка на техничка документација и решавање на евентуалните имотно правни односи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Е*ете се со вакви предлози: Украинците гневни…
Советникот на украинскиот претседател Алексеј Арестович користеше…
(Видео) Дали Преспанскиот договор ќе биде загрозен…
Дали Преспанскиот договор ќе биде загрозен доколку…
Шпанија и Португалија најголеми жаришта на мајмунски…
Португалските здравствени власти денеска потврдија 10 случаи…
СПЦ ја одобри и благослови, а Фанар…
Позитивни сигнали пристигнаа од Цариград и од…
Ги нервирал чуварите и затворениците: „Поради недисциплина“…
Германските медиуми објавија дека поранешниот тенисер Борис…