Градот Скопје ќе ја финансира целосната реконструкција на улицата „Скоевска“ во општина Бутел

Советот на Град Скопје на денешната седница расправаше и донесе одлука Град Скопје да реализира голем инфраструктурен проект за целосна реконструкција на улицата Скоевска во Радишани, општина Бутел.
Проектот ќе се реализира преку меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Бутел, а со истиот се предвидува целосна реконструкција на коловозот на улицата.
Улицата Скоевска е една од поголемите улици во населба Радишани која се движи паралелно со магистралната улица Радишанска и е во должина од околу 500 метри.
Проценетата вредност на овој проект изнесува околу 24 милиони денари и средствата ќе се обезбедат од буџетот на Град Скопје, додека Општина Бутел ќе учествува во проектот со изработка на техничка документација и решавање на евентуалните имотно правни односи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЕЛЕГАЦИИ НА ДРЖАВНИОТ И ПОЛИТИЧКИ ВРВ СЕ…
Денес во 12.00 часот пред споменикот на…
Прегазен пешак во Сарај со тешки повреди…
Седумдесет и шестгодишен скопјанец со автомобил удри…
Товарно моторно возило со скопски регистарски таблички…
На 25.03.2023 во 06.00 часот било пријавено…
(Видео) Како Мицкоски тврдеше дека двојазичните униформи…
Трета Опција преку Фејсбук се потсети на…
ЕВРОПА ОСТАНА БЕЗ ОРУЖЈЕ И МУНИЦИЈА, Украина…
Британија и Франција веќе објавија дека им…