Град Скопје ги осудува случувањата во Психијатриската болница Скопје

Комисијата за заштита на правата на пациентите на Град Скопје го осудува инцидентот од видеоснимките за злоставување, претепување и изживување врз пациент во ЈЗУ Психијатриска болница Скопје.
Како што информираат од Град Скопје, Комисијата за заштита на правата на пациентите на Град Скопје на 8 јуни одржала вонредна седница година и донела неколку заклучоци, помеѓу кои се поддршка за институциите да го испитаат случајот и да ја информираат јавноста за преземените мерки.
Неопходни се итни превентивни мерки за спречување на ваков тип на урнисување на достоинството на пациентите од други пациенти, како во случајов, или од медицински персонал, какви што се случија претходно, на кои Комисијата не реагираше јавно затоа што е надлежна само за градот Скопје, велат од Град Скопје.
Оттаму дополнуваат дека Комисија за заштита на правата на пациентите функционира и ги охрабрува граѓаните (пациентите) да доставуваат претставки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Омилената докторка на повредените е нова директорка…
Д-р Катерина Паниќ – Мирчовска е нова…