Град Скопје: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

t

Град Скопје се огласи по повод објавата на министерот за животна средина Изет Меџити, кој утрово напиша дека неговото министерство обезбедило шест еколошки автобуси, кои ќе ги донирале на главниот град.

Ирена Витина, советничка во Град Скопје се огласи по повод овие најави на Меџити, и кажа дека дека автобусите се финансирани од ЕУ, и дека министерот нема никаков придонес.

„Срамен е обидот на пласирање континуирани невистини од страна на Изет Меџити кој очигледно по 5 месеци бидејќи нема ниту еден свој проект, мора да се фали со проектите кои ги обезбедил градот Скопје. Министерот Меџити нема никаков придонес за Град Скопје да добие 6 автобуси, ниту досега му помогнал на градот во било кој друг сегмент за справување со загадувањето, иако неговата е една од 14 институции кои имаат надлежност за постапување. Вработените во Секторот за меѓународна соработка на Град Скопје се заслужни, изработија апликација и овој проект е резултат на нивната посветена работа, со што за Градот Европската Унија ги финансира 6-те автобуси. Шесте еколошки автобуси се резултат на проектот на кој Град Скопје аплицираше до ЕУ, на кој веќе 2 години активно работи секторот за меѓународна соработка а го набавката ја реализира УНОПС. Со овој проект преку поддршката на ЕУ за Град Скопје се обезбедени шест еколошки CNG автобуси, се подигаат урбани зелени појаси со над 3000 дрвја, меѓу кои и во Мега паркот во Карпош каде наскоро ќе се засадат нови 1.000 дрвја, а дополнително се изработува Физибилити студија за проширување на тополоводната мрежа во Скопје. Сите сегменти на проектот имаат за цел подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје и Македонија“, рече Витина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…

Инспекциските служби на Агенција за храна и…

Од март директна авиолинија од Скопје до…

Од март ќе биде воведена директна авиолинија…

БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…

Во завршна фаза се активностите за санација…

Од вечер повеќе од половина од Скопје…

Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…

Штедете и гответе оброци што не бараат…

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…