Град Скопје уште еднаш покажа дека работи за сите граѓани: Центар меѓу општините кои ќе добијат помош од градот

Советот на Град Скопје на денешната седница донесе повеќе одлуки за меѓуопштинска соработка со скопските општини.
Се зајакнува меѓуопштинската соработка меѓу Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир, Сарај, Шуто Оризари, независно од партиската определба на нивните градоначалници, се доделуваат средства за хортикултурно уредување, изградба на паркови, разеленување на градот и инфраструктурно уредување.
Во продолжение го пренесуваме целосното соопштение на Град Скопје:
Советот на Град Скопје на денешната седница донесе повеќе одлуки за меѓуопштинска соработка со скопските општини
Со првата одлука, предвидено е Град Скопје да издвои средства за десетте скопски општини за реконструкција и хортикултурно уредување на постојните зелени парковски површини, како и садење нови садници и цвеќе.
Од овие средства ќе се реализираат голем број на заеднички проекти со општините со кои ќе зголеми зеленилото во градот Скопје.
Советиците на денешната седница донесоа и две одлуки за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општината Кисела Вода, првата за изградба на атмосферска, додека втората за изградба на фекална канализација. Со првата одлука е предвидено целосно финансирање на изградбата на атмосферска канализација по дел од улиците Димо Хаџи Димов и Божидар Аџија – крак 2.
Со втората одлука, Град Скопје ќе ја финансира изградбата на фекалната канализација во населбата Градинар. Општина Кисела Вода во проектот ќе учествува преку финансирање на изработка на Урбанистички и Основен проект за линиски инфраструктурни градби на дел од булеварот Борис Трајковски за фекална канализација во населба Градинар. – Стои во соопштението на Град Скопје.
Со ваквата одлука за предлог ослободување од плаќање на надоместокот за уредување од на градежно земјиште за доградба на основно училиште, Општина Центар добива значаен финансиски стимул од страна на градот.
Со оваа одлука инвеститорот Општина Центар се ослободува од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за доградба на објект на О.О.У. „Коле Неделковски“-Скопје, според ДУП за Дебар Маало 2, за Г.П. 2.1 со намена В1-образование, на ул. „Антоние Грубишиќ“ бр.8, КП 10196 и др. КО Центар 1, со средства во износ од 1.785.306,00 денари, за бруто корисна површина од 384,66 м2 или нето наплатна површина од 303,44 м2.
Уредувањето на градежното земјиште ќе биде на товар на инвеститорот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Посебен режим на сообраќај во недела во…
СВР Скопје ги известува граѓаните дека во…
(Во живо) „Цела Влада оставка!“ – Младите…
Со 20-минутен молк продолжува протестниот марш, граѓаните,…
Кој се плаши да види колку народ…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…
Марш за одговорност и безбедност во Понеделник…
Инстаграм профилот „Кој е следен“ повика на…
Седум локации – МВР забрани да се…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…