Град Скопје: Шилегов оставил корисниците на куќарките на Кеј 4 години да ги користат противправно, без никаков договор

t

За целосно информирање на јавноста во однос на медиумските натписи за затекнатата состојба со корисниците на куќарки на Кејот 13 ноември сакаме да појасниме дека лицата се без активни договори со град Скопје од 01.02.2018 година. Претходниот градоначалник на Градот Скопје, Петре Шилегов свесно ги оставил корисниците на куќарките четири години да ги користат противправно без постоење на правен основ за нивно користење, велат од Град Скопје.

-Ваквата состојба најмалку одговара на корисниците на овие привремени објекти и поради тоа градот Скопје во транспарентна и законска постапка со објава на јавен оглас ќе ја разреши ситуацијата.

Овие корисници за првпат се пријавиле на јавен оглас во 2011 година со договор од времетраење од една година, што се продолжувал со анекс секоја наредна година. Оваа пракса прекинала на 31.01.2018 година и овие граѓани целосно се ставиле во милост и немилост. Свесно биле оставени без дозвола и договор да ги користат куќарките, оставајќи можност на претходното раководство да се отстранат кога ќе посакаат.

Дотолку што постојната состојба е спротивна на прописите, ја ограничува конкурентноста и го оштетува буџетот на Градот и граѓаните.

Корисниците се веќе известени дека во рок од 15 дена треба да ги ослободат куќарките од предметите кои се во нивна сопственост и да ги предадат објектите на Градот Скопје во состојба во којашто ги примиле според Записникот, затоа што не постои правен основ за нивно понатамошно користење. Во следниот период ќе се објави јавен повик каде овие лица и сите останати заинтересирани ќе можат да се пријават за користење на јавни површини, односно користење на куќарките.

Апелираме до сите медиуми и граѓани во своите натписи да не шират дезинформации, сите постапки кои Градот Скопје ги спроведува мора да бидат според законот и во целосно транспарентна постапка за да се создаваат позитивни политики за доброто на граѓаните, но и во насока на заштита на корисниците на куќарките, кои ќе можат правно да го регулираат својот статус и правото на користење, стои во сопштението од Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со 60 илјади вакцини против сезонски грип…

Со 60 илјади вакцини против сезонски грип…

Захарова: Сакаме да избегнеме нуклеарна војна

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за…

МВР во акција: Се проверувааа и обложувалници

Во текот на вчерашниот ден (05.10.2022), во…

Чочек се спрема од Требеништа до Охрид:…

Трасата од 57 км досега чини 598…

Ако е како до сега, тешко нас……

Претседателот на Франција, Емануел Макрон на првиот…