Граѓаните кои нема да ги пуштат да излезат од државата со стар пасош, да побараат писмено известување со наведени причини

t

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека согласно Правилникот за изменување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање, објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ на 12.02.2024 година, рокот за замена на регистарските таблици кои ја содржат ознаката „МК“ и на регистарските таблици кои немаат никаква ознака или ставање на налепница на која е испишана ознаката „НМК“ се продолжува најдоцна до 31 декември 2024 година.

Исто така, ги информираме оние граѓани кои ќе бидат спречени од страна на граничните полициски службеници да направат излез од државата поради тоа што поседуваат патна исправа со името “Република Македонија“, дека можат да побараат писмено известување во кое ќе бидат наведени причините поради кои се оневозможени да направат излез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Гранати, експлозиви, цел арсенал… Еве што…

Експлозив и оружје е најдено во Арачиново,…

Тошковски се огласи за Груби: МВР има…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку…

Од МВР го потврдија грабежот на банка…

Околу 13 часот е пријавен обид за…

Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…

На јавноста ѝ е познато кои двајца…

(Видео) Тошковски со детали за трите акции…

Во изминатите денови МВР во координација со…