Граѓани без совест: Град Скопје и ЈП Комунална хигиена со апел да престане палењето и уништувањето на контејнерите

Во текот на изминатиов викенд непознати сторители опожариле три сада за одлагање отпад лоцирани на булеварот „Крсте Мисирков“ во близина на Бит Пазар.
Опожарените контејнери со зафатнина од 3,2 м3 се целосно уништени и неупотребливи. Од почетокот на годинава се вкупно опожарени девет пластични контејнери поставени на јавни површини.
Опожарените садови се заменети со нови и не беше нарушена динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад.
Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и се очекува да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.
Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена апелираат до сите граѓани да ги чуваат и да не ги оштетуваат садовите за одлагање отпад поставени на јавните површини за да се овозможи ефикасно одлагање на комуналниот отпад и да се одржува јавната хигиена. Садовите за отпад се набавуваат со средства од граѓаните, а со нивното оштетување се нанесува голема финансиска штета. Поради тоа, ги охрабруваме граѓаните да го пријават секој случај на вандализам врз контејнерите и врз другата урбана опрема за да се одржува комуналниот ред во градот, а јавните површини да бидат уредени и чисти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Посебен режим на сообраќај во недела во…
СВР Скопје ги известува граѓаните дека во…
(Во живо) „Цела Влада оставка!“ – Младите…
Со 20-минутен молк продолжува протестниот марш, граѓаните,…
Кој се плаши да види колку народ…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…
Марш за одговорност и безбедност во Понеделник…
Инстаграм профилот „Кој е следен“ повика на…
Седум локации – МВР забрани да се…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…