Гренел до Приштина: „Не гризете ја раката што ве храни“

Поранешниот пратеник на Доналд Трамп за дијалог меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел, ѝ одговори на поранешната министерка за надворешни работи на Косово, Мељиза Харадинај-Стубли, која упати низа обвинувања на сметка на Западот за настаните во Бањска. Гренел ѝ порача дека не е добра идеја „да ја гризе раката што ги хранела со децении“.
Гренел на социјалната мрежа Х изјави дека меѓународната заедница му порачала на косовскиот премиер Аљбин Курти да престане со едностраните потези, да распише избори и да формира заедница на српски општини.
„Дали го обвинувате Западот? Не е добра идеја да ја гризете раката што ве храни со децении. Точно е дека меѓународната заедница му порача на Курти на 3 јуни да престане со едностраните потези, да распише избори и да ја формира заедницата. Не кажа ништо. И тоа е вистината“, рече Гренел.
Одговарајќи им на оние што го обвинуваат дека е платен од Србија, Гренел наведува дека нагласувањето лажни вести наместо политичка дебата е белег на владата на Курти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од утре стартува дневната евтина тарифа на…
Од утре стартува евтината дневна тарифа на…
„Ауди“ со илегални мигранти се судри со…
Вчера на регионалниот пат Валандово – Струмица…
Мајка од Кочани пријавила дека исчезнала ќерката,…
На 01.12.2023 во 09.15 часот во Полициската…
Југ до Зеќири: Се лизна уште еден…
Игор Југ, кој доби 11 години затворска…
Светот бил на раб на нуклеарна катастрофа:…
Нуклеарната централа Запорожје, окупирана од Русија, синоќа…