Објавено на:

Гринфилд: Вашингтон ќе продолжи да му дава разузнавачки информации на Киев

t

Вашингтон ќе продолжи да обезбедува разузнавачки информации за Киев, но украинската војска мора да одлучи што да прави со нив, изјави денеска за Си-Ен-Ен Линда Томас-Гринфилд, постојан претставник на САД во Обединетите нации.

– Ние им даваме разузнавачки информации за да можат да се одбранат од руската агресија, како и да заземат подобра позиција на преговарачката маса со руската страна, но одлуката за тоа како да ги користат овие разузнавачки информации останува на нив, истакна Томас-Гринфилд.

Според неа, САД не престанале да ја поддржуваат Украина од почетокот на руската инвазија.

– Ќе продолжиме да ја даваме потребната поддршка”, додаде Томас Гринфилд, истовремено тврдејќи дека „Русија ги почувствувала ефектите од американската поддршка за Украина”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гутереш: Невозможно е горливите светски проблеми да…

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави…

(Видео) Двајца загинаа, а уште толку се…

Двајца загинаа, а уште две лица се…

САД: Руската инвазија на Украина ќе предизвика…

Амбасадорката на САД во Обединетите нации, Линда…

Бајден се предомисли: Се уште сака да…

Бајден се предомисли, се уште сака да…

(Фото+видео) Пелоси пристигна во хотелот со огромно…

Спикерката на Претставничкиот дом на САД, Ненси…