Груби: Евроскептицизмот во 2008 создаде режим

t

Првиот вицепремиер вечерва во студиото на Клик Плус на ТВ21 рече дека во 2008 година евроскептицизмот создал режим.

Додава дека во 2008 година „требаше да станеме членка на НАТО, но добивме вето од Грција и не влеговме“.

„Тоа создаде почва за анти европски и анти НАТО расположение во државата, евроскептицизмот порасна не само меѓу граѓаните туку и самите политички лидери во тоа време се свртија на друга страна. Со текот на времето тоа доведе до заробени институции, заробена држава. Ние како ДУИ не можевме ништо да направиме затоа што ВМРО ДПМНЕ беше многу силна, имаше 61 пратеник, потоа 63 пратеници, не можевме да направиме ништо, рече Артан Груби. Тој претходно посочи дека одлуката на ДУИ да го расипе таканаречениот „мајски договор“ со Груевски се покажала дека била исправна. По формирањето на владата без Груевски и со СДСМ земјата е сега членка на НАТО и многу блиски до започнување на преговори со ЕУ“, рече првиот вицепремиер Артан Груби вечерва во студиото на ТВ21.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ковачевски за “Инфомакс”: Нема да има…

На прашање на Инфомакс до премиерот Ковачевски…

(Видео) Ковачевски: Му објаснив на Мицкоски какви…

Денес имавме средба со пртседателот и тимот…

Кичевскиот градоначалник ги критикува СДСМ и ДУИ:…

Покрај низата високи партиски членово и екс-функционери,…

Васало за бугарските клубови и уставните измени:…

Заменик aмбасадорoт во делегација на ЕУ во…

Синдикатот на УКИМ бара за 4 години…

Синдикатот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“…