Груби открива: ДУИ е за предвремени парламентарни – еве кога

t

За мене во првите 100 дена од оваа Влада најважното е стабилноста. Во тешки времиња за нашата земја и за регионот и светот, граѓаните бараат Влада што е стабилна, има нагласнео парнерство со НАТО, со ЕУ и со САД. Влада која раководи со прогресивна коалиција и одговара на потребите на граѓаните, а не владина коалиција раководена од една партија, што смета дека руската агресија во Украина е легитимна и правилна.

Ова го нагласи првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби во излагањето на денешниот форум „100 дена од мандатот на новата Влада на Република Северна Македонија”.


ДУИ, како учесник во оваа коалиција, информира Груби, смета дека предвремени парламентарни избори може да се одржат во април 2024 година, заедно со претседателските избори.

– ДУИ како дел од оваа коалиција го поддржува силно парламентарното мнозинство и владината коалиција и овде сме да ги реализираме овие проекти. На граѓаните не им требаат авантури, им треба одговрна, социјална Влада, која ги слуша граѓаните и ги реализира нивните барања, е порака што ја упати Груби на денешниот Форум.

Според првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, оваа Влада не сака Северна Македонија да отстапи од НАТО и од ЕУ, да ги наруши односите со Косово, не признавајќи ја независноста на Косово, да ги наруши односите со Република Албанија и односите со нашиот сосед Грција, нарушувајќи го Преспанскиот договор, како и нарушувајќи ги односите со Република Бугарија укинувајќи го Договорот за добрососедство, но и да ги наруши односите меѓу Албанците, Македонците, Ромите, Турците, Србите, Власите, Бошњаците, но и сите граѓаните во нашата земја, укинувајќи го мировниот Охридски договор.

Груби наведувајќи дека во изминатите 100 дена фокусот бил ставен и на инфраструктурни проекти, информира дека завршен е тендерот за избор на консултанти, финансиски советник за реализација на Коридорот 8 и за 21 ден треба да завршат преговорите за изградба на последните автопатишта од Скопје до Ќафасан и од Прилеп до Битола. Груби изрази надеж дека камен темелникот за овие патишта ќе се постави на почетокот на јули. Тој информира дека посветено се работи и за завршување на патниот правец Скопје – Блаце и изрази уверување дека идниот месец ќе се реализира кредитот од ЕБОР и ќе се објави тендер за вторите 10 километри од овој автопат, а истата постапка ќе важи и за патот од Кичево до Букочан да се поврзе со Коридорот 8.

Тој е убеден дека при крајот на овој мандат на Владата ќе има изграден пат од Блаце до Ќафасан и од Прилеп до Битола, а ќе се заокружат и сите инфраструктурни проекти, со што ќе се помогне економијата, реализирајќи приближно две милијарди евра во период од три до четири години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Молдавската претседателка на посета во Украина

Молдавската претседателка Маја Санду денеска е во…

Собранието одржа седум пленарни седници

Во Собранието денеска се одржаа седум пленарни…

Се сеќавате на Дамијано Томази, легендарниот фудбалер…

Се сеќавате на Дамијано Томази, легендарниот фудбалер…

Јапонската влада со апел до граѓаните: Трошете…

Јапонската влада ги повика луѓето да трошат…

Ѓоковиќ успешно ја мина првата пречка на…

Новак: Не беше лесно, сервисот ми помогна..…