Груби ќе ги тужи Лефков!

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска информира дека ќе ја тужи ВМРО-ДПМНЕ, поради како што вели, „клевета за изборот на надзорот за изградбата на коридорите 8 и 10Д“.
-Многу е гласен, ама не е храбар. Му упатив барање да се извини и на вашата партија. Партијата го прифати, а тој избегнува некако кукавички. Поднесов веќе тужба да се видиме на суд за сето тоа што го клевети. Му недостига храброст во јавност, туку само ја користи говорницата во Собранието. За сето тоа што е клеветено ќе се соочиме и ќе се видиме, им порача Груби на пратениците од најголемата опозициска партија, обраќајки му се на пратеникот Миле Лефков.
Тој додаде: „Ако има криминал тука сум, не се кријам како вас“.
-ВМРО-ДПМНЕ да помогне во изградбата на Македонија. Се надевам новите ветришта во партијата се конструктивни и ќе дадат придонес, рече Груби околу потребната поддршка за уставните измени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Зошто СДСМ не реагира и не…
Зошто СДСМ не реагира на работата на…
(Видео) Крмов: Не е првпат ДПМНЕ да…
Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да ги задуши…
(Видео) Крмов открива детали: Доктори блиски до…
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, во денешното…
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ негираат дека Груевски ги…
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не одговараат дали поранешниот…
Груевски ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да…
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола…