Груевски го нокаутураше Мицкоски: Наместо да го руши СДСМ се занимава со мене

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на Фејсбук повторно му одговори на моменталниот претседател на партијата, Мицкоски, на неговите обвинувања дека сакал да создаде раздор во партијата.
Груевски вчера во објава на Фејсбук побара јасен одговор од Мицкоски како и кога се обидел да создаде раздор во партијата, а во денешната објава вели дека очекувано, не добил јасен одговор туку само вртење одоколу.
– Денес стигна одговорот на Мицкоски. И како што очекував без никаков аргумент, без никаков доказ или нешто слично. Рекла-казала од типот “се слуша”, “гласно говорат”, “се фалат” итн.
Тоа ли е политика? Така ли се води партија? Така ли се гради единство во партијата?
Мицкоски си ја исполни повеќегодишната желба да влезе во јавен конфликт и напади врз мене. Некој му кажал дека тоа ќе му е од корист. Провикациите од негова страна не се од вчера, само што на таа провокација од вчера неможеше да не се одговори, барем со прашања колку да се извади на површина дека Христијан Мицкоски изнасилено си создаде нов противник наместо да се занимава со власта, која седма година не може да ја сруши и покрај нивната неспособност, корумпираност и безидејност.
Си создава ново алиби за секоја идна намерна или ненамерна грешка и штетна одлука, алиби за идните изборни резултати, кои со овој памет нема да се очекуваните од сите нас.
Напишал дека сум сакал да создавам раздор и тој не сакал јавно да се препукува, ќе ми кажел во четири очи. А ме нападна преку најпознатиот германски медиум.
Јас знам, а и јавноста, дека со ниту еден збор или потег не сум направил раздор досега.
Ако навистина сум планирал такво нешто, зошто не почекаа, да се види тоа, да направам нешто што ќе им биде поткрепа на тезите, а не од наводни озборувања и гласини да градат политики.
Напротив, раздорот го направи тој со моето прогласување за нов непријател и жестокиот напад без да се даде најмала причина. Заев го направи најголем пријател и сојузник, мене кој цел живот го бранам националните, државните и партиските интереси, и само добрини сум му направил во животот ме прогласи за непријател.
По ова мерете му го умот!
Потоа ја стави целата партиска машинерија во одбрана на неговите параноични, штетни и безсмислени чекори и политики. Токму тоа е “со сила” создавање раскол, растурање, а не нешто што сум направил јас.
Јас во континуитет жестоко го напаѓам СДСМ. Мицкоски ме нападна мене. Нели ви е нешто чудно тука?
Се тоа може да му биде интересно до следните избори, кога оваа политика на создавање непријатели од луѓе кои го посветиле животот на партијата и каузата ќе ја следи од канцеларијата и ќе му одработува партиската машинерија која му ја оставив. Но, што потоа? – напиша Груевски.
Груевски потенцира дека можеби оваа расправија е алиби за некоја идна грешка, а идна грешка може да бидат токму уставните измени, за кои Мицкоски во неколку наврати потенцираше дека не е против, односно во сите негови предлози до власта, уставните измени не се ставени под знак прашалник.
Во меѓувреме на социјалните мрежи се води “војна”, дувлото на Мицкоски жестоко го брани “лидерот”, но во низата анкети кои се појавија на Твитер и Фејсбук, граѓаните и члеството на партијата масовно се приклучуваат кон таканаречениот “тим Мицкоски”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Документи)СКАНДАЛ ВО ВЕЛЕС: Местеле тендер за да…
Плодна е "љубовта" меѓу градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ…
ВМРО кворумска повторно заеднички со СДСМ и…
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска заеднички изгласаа директор…
Апасиев: Честито на младите, широката коалиција СДС-ДПМНЕ…
Лидерот на Левица и пратеник во Собранието…
Богоев: Веќе се е јасно, во Македонија…
Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во своја…
Левица: Елитата во војна со народот, ДПМНЕ…
ДПМНЕ и СДС слават заедно со хоштаплерите…